Фото: Роjтерс

Заедно со првиот круг од претседателските избори на 14 ноември, ќе се одржи и гласањето за нов парламент. Ова го соопшти претседателот на Бугарија Румен Радев при посетата на Плевен.

Народното собрание ќе биде распуштено максомално брзо, но Радев не соопшти конкретен датум.

ʺМаксимално брзо, во согласност со редот и барањата на Уставот, изборниот закон и технолошкото време за издавање на указ. Изборите ќе бидат две во едно на 14 ноември.

На тој начин ќе заштедиме пари од буџетот, а најмногу времето на луѓето.

Очекувам следната службена влада да продолжи да работи на искоренување на корупцијата, да работи транспарентно и одговорно “, кажа претседателот.

Шефот на државата учествуваше на церемонијата по повод 144 години од почетокот на третиот напад во Плевен.

Пред костурницата во паркот Скобелев, Радев положи венец и оддаде почит на хероите што ги оставија своите коски во Мртвата долина за ослободувањето на Плевен и Бугарија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO