Фото: Роjтерс

Apple официјално го објави датумот за премиера на своите нови продукти. Настанот ќе се одржува во живо на Интернет и е насловен California Streaming (можеби за да има мала „закачка“ со името на популарната поп / рок песна од неодамнешното минато).

Датумот е 14 септември и светот очекува Apple премиерно да ја претстави најновата линија на iPhone – четирите целосно нови модели на сматрфоните – iPhone 13, iPhone 13 mini, iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max.

Не е исклучено на овој датум светот да го види новиот Apple Watch Series 7, кој се очекува да биде со променет дизајн и поголем дисплеј.

Можеби најинтересното, покрај настанот California Streaming на 14 септември е дека публиката веројатно конечно ќе разбере кога ќе биде достапен iOS 15 за постарите модели  Аpple iPhone.

Се чини дека на посебен настан на есен, американската компанија ќе го промовира новиот модел на слушалки AirPods, нови iPad mini, како и обновените модели на компјутери MacBook Pro со 14 „и 16“ екрани.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO