Барикадирани патишта, запалени автомобилски гуми, солзавец, летечки камења против локалната полиција и доведувањето со хеликоптер на српскиот патријарх Порфириј и новиот владика на Српската православна црква Јоаникиј во Црна Гора, покажаа колку кревка може да биде внатрешната и регионалната безбедност.

Анализа на Николај Крстев

Жителите на старата црногорска престолнина Цетиње, во чиј манастир зад полициските штитови се одржа тржествена богослужба, на која тој беше устоличен, јасно го искажаа своето незадоволство од овој акт, кој се случи со содејство на просрпската влада.

Цетиње отсекогаш бил центар на независна Црна Гора, која уште на Берлинскиот конгрес во 1878 година станува независна балканска држава која суштествува до 1918 година, кога е присоединеата кон Кралството на Срби, Хрвати и Словенци – Југославија.

И покрај тоа што Црна Гора никогаш не била покорена од Отоманската империја, таа се претвора во центар во кој се прекршуваат интересите на Австро-унгарската империја, Италија, Франција и не на последно место на Руската империја, која го отвора нејзиното прво дипломатско претставништво во неа пред 200 години.

Затоа граѓаните на Цетиње и Црна Гора, кои се отцепија од Србија во пролетта 2006 година, многу ревносно го чуваат споменот кога биле независна држави, одземена од навлегувањето на српските војски на крајот на Првата светска војна и нејзиното присилно присоединување кон кралска Југославија.

Граѓаните на Црна Гора протестираа бурно не само против новиот српски митрополит, туку и против новиот српски патријарх Порфириј, кој за многубројни црковни набљудувачи беше надеж, дека може да има поразлични ставови, бидејќи е млад, но јавно се покажаа излажани.

Тој, како и неговите претходници, Иринеј и Павле, многу брзо по изборот за поглавар на Српската православна црква го демонстрираше својот негативен однос кон Црногорците, велејќи дека таков народ нема.

Всушност, Српската православна црква, преку својот поранешен митрополит во Црна Гора, Амфилохие, започна шестмесечни протестни поворки во зимата на 2020 година против претседателот Мило Ѓукановиќ и неговата Демократска партија на социјалистите, поради законот за сопственоста на религиите, преку кој поранешната влада стана сопственик на црковните имоти, кои се одземени насилно во 1918 година, кога Црна Гора ја губи својата независност.

Ова решение ја предизвика Српската православна црква, која преку својот влијателен митрополит во Црна Гора, Амфилохие, организираше масовни протести, а во пресрет на парламентарните избори пред една година, создаде силен просрпски опозициски сојуз, кој само со еден глас во Скупштината доби кревка надмоќ .

Српската православна црква (СПЦ), како влијателен фактор во црногорското општество, успеа да ги донесе на власт просрпските партии, кои го издигнаа за премиер теологот и проф. Здравко Кривокапиќ. Преку Српската православна црква, Белград покажа дека може да се вмешува во внатрешните работи на својот сосед, Црна Гора и да влијае на јавното расположение во неа.

Дополнителен пример во оваа насока е сигналот, кој Белград го испрати, дека нема да ги признае резултатите од пописот во Црна Гора, доколку Србите во земјата не се 50%, што е еден вид извивање на рацете на малата јадранска република.

Освен властите во Белград и Српската православна црква (СПЦ) има многу важен интерес при пребројувањето Србите во Црна Гора да бидат најмалку 50%.

Пренебрегнувачкиот однос на Србија кон Црна Гора и Црногорците е пословичен и тој датира не само од времето на поранешна Југославија. Белград секогаш тврдел дека Црна Гора е ʺсрпската Спарта“ и дека таа всушност е втората српска држава на Балканот.

Затоа и никако не се изненадувачки резултатите од истражувањето насловено ʺМнение на граѓаните на Србија, за Црногорците“ направена од Nina medija летото 2020 година. Повеќе од половината од граѓаните нс Србија (62%) сметаат дека нема црногорска нација, 40% сметаат дека српскиот и црногорскиот јазик се еднакви, а само 35,3% од нив сметаат дека Црна Гора има право да биде независна држава.

Всушност, преку дејствијата на Српската православна црква, Белград многу вешто се вмеша во внатрешните работи на Црна Гора, и преку неа, српскиот претседател Александар Вучиќ се обиде да ја внесе малата јадранска република во ʺСрпскиот свет“ – Open Balkans кој беше создаден по примерот на  “рускиот светʺ во постсоветскиот простор.

Она што се случи во Црна Гора, всушност, не е првиот обид за мешање во внатрешните работи на земјата. Во есента 2016 година, просрпските сили, помогнати од двајца агенти на руското воено разузнавање, Едуард Шишмаков и Владимир Попов, се обидоа да направат државен удар за време на парламентарните избори, со цел тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ да биде соборен од власт и убиен.

Според британското издание ʺThe Guardian“, откако двајцата агенти на руското воено разузнавање биле приведени, префрлени се од Подгорица во Белград, каде лично раководителот на Советот за национална безбедност при рускиот претседател Николај Патрушев ги прибира специјален лет за Москва.

Тензиите во Црна Гора стигнаа до таму, што премиерот од просрбската коалиција Здравко Кривокапиќ изјави дека демонстрантите се обиделе да направат државен преврат, додека претседателот Мило Ѓукановиќ го определи устоличувањето како „пирова победа“ и „клерикален десант“, затоа што владата им служи на големодржавните интереси на Српската црква и Белград.

Според повењето оценки, она што се случи на 5 септември во Црна Гора покажа дека земјата беше на работ на сериозен конфликт, инспириран од Белград. Според политичките аналитичари во Подгорица, нема сомнение дека спротивставувањето на етничка и верска основа меѓу Црногорци и Срби беше продлабочено уште повеќе.

Со она што се случи, СПЦ покажа дека ја контролира владата во Црна Гора и дека таа како нејзин политички проект, работи многу успешно во таа насока. Идејата на СПЦ да донесе неколку илјади Срби во Цетиње, кое се смета за најцрногорски настроено, има за цел да предизвика тензии да покаже колку мобе да е голем таканаречениот ʺсрпски свет“.

Судирите во Црна Гора всушност беа реакција не само против СПЦ, туку и против владата во Подгорица, во која малата партија URA доби гласови пред една година, не за да помогне во спроведувањето на српскиот дневен ред, а да се бори против корупцијата од владеењето на партијата на Мило Ѓукановиќ.

Во Цетиње, беше демонстрирано широко јавно незадоволство од политиката на власта во Црна Гора, која ги изневери очекувањата, дека ќе се борат против корупцијата и се претворија во елемент од планот за српскиот свет на Балканот.

Обидот да се отфрли црногорскиот национален идентитет може да ја втурне Црна Гора во нова политичка криза и да доведе до предвремени избори во Црна Гора.

Ситуацијата во Црна Гора, исто така, зборува за регионалниот аспект на процесите во кои некој целејќи се во меѓуетничките процеси во малата јадранска република сака да ја доведат во прашање безбедноста во држава-членка на НАТО, која се наоѓа во клучното јужно крило.

Така, на тој начин се бара варијанта да се отвори нова слаба точка во Алијансата по растечкото грчко-турско спротивставување, бугарско-македонското недоразбирање и сега дополнително да се ослабне и Црна Гора во нашиот регион, што е важна точка не само за САД и НАТО, но и за Србија, Русија и Кина.

* Авторот е поранешен дописник на Бугарското национално радио во Србија и Западен Балкан 2003-2011 година.

Превземено од foreignisaider.com

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO