Фото: Роjтерс

Продажбата на нови автомобили во Велика Британија опаднала за 22% во август, во услови на кризата со снабдувачкиот ланец.

Нарушувањата во снабдувачкиот ланец, недостатокот на персонал и товарот од пандемијата од ʺКовид-19“ врз економијата се наведени како главни причини за опаѓање на продажбата во овој сектор.

Последните бројки објавени утрово покажуваат дека регистрациите на нови автомобили се намалиле за околу 22% во август во споредба со минатата година, во време кога глобалната криза со полупроводнички чипови продолжува да ја погодува индустријата.

Во јули, кога беше продолжен локдаунот, имаше пад на продажбата од 30%.

Други фактори за овој тренд се преориентацијата на многу луѓе кон хибридни модели и намалувањето на довербата на потрошувачите во август.

Во меѓувреме, Конфедерацијата на британска индустрија предупреди дека кризата со работната рака во Обединетото кралство може да трае и до две години и повторно ги повика министрите да им издадат визи на странски работници, наместо да чекаат „магично решение само од себе си“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO