Фото: Роjтерс

Над 7.000.000 тони пченица се ожненани ова лето во Бугарија, што е најголема количина во последните години. Според браншовата организација на производителите на жито, најмалку во последните две децении во пазарната статистика не е регистриран толку висок просечен принос по толку висока откупна цена на житото.

Над 560 килограми по декар е просечниот принос за целата земја оваа година, што е 150 килограми повеќе од реколтата во 2020 година.

ʺПри 12 милиони декари пченица, излегува рекордна жетва во земјата – над 7 милиони тони“, вели производителот Илија Проданов.

Житото е берзанска стока и оваа година се продава по добри цени.

ʺНо, тоа не значи дека ќе оствариме профит, бидејќи инфлацијата погоди многу, и во цената на товарите и во цената на препаратите и горивата“, кажа Проданов.

Тој не пропушти да ги коментира публикациите, дека добрата реколта ќе им овозможи на производителите на жито да го обноват возниот парк со луксузни возила, со кои се поврзуваат со години по конфликтот со поранешниот министер за финансии.

ʺПодготвен сум со секој еден што мисли во таа насока да дојде со мене еден ден и да жнее цел ден со мене. Нема никаков проблем тогаш да возиме Бентли веќе“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO