Во август и септември кај нашиот југозападен сосед Република Северна Македонија се одбележуваат два клучни годишнини – 20 години од потпишувањето на Охридскиот договор во 2001 година и 30 години од мирното одвојување на Македонија од Титова Југославија во 1991 година.

Два важни настани во најновата историја на независна Македонија, кои го трасираа нејзиниот развој во тој период. Всушност, од моментот кога Македонија тргна да ја напушта СФРЈ со референдумот од 8 септември 1991 година, стана јасно дека процесите нема да го добијат својот финален акорд следниот ден.

Дипломатскиот такт, искован во југословенските коридори на власта, му дадоа можност на првиот претседател на независна Македонија, стариот апаратчик Киро Глигоров, инаку поранешен министер и шеф на југословенскиот парламент, да направи така што армијата на Слободан Милошевиќ да се повлече без да ги разгори меѓуетничките тензии кај ашиот југозападен сосед.

За Киро Глигоров може многу да зборува и добро и лошо, но никој не може да го одрече направеното да го зачува етничкиот баланс во соседна Македонија.

Ризикот во таа насока беше многу сериозен и затоа Бугарија побрза да ја признае независна Македонија на 15 јануари 1992 година и покрај несогласувањето на германскиот министер за надворешни работи Ханс-Дитрих Геншер.

Софија го отвори своето пристаниште во Бургас по грчкото ембарго, преку кое минуваа стоките за младата балканска држава, а подоцна претседателот Желев помогна при посетата на претседателот Борис Елцин во Софија, убедувајќи ја Русија да ја признае под нејзиното име, и покрај несакањето на министерот за надворешни работи, Андреј Козирев.

Малкумина сигурно се оние кои си спомнуваат, дека во 2001 година Бугарија и подари свои тенкови на македонската армија, а освен тоа учествуваше во дипломатските напори да се постави точка на конфликтот.

И покрај двосмисленото прашање на референдумот за одделување на Македонија од СФРЈ, оставајќи и можност да се врати во една идна формација, даде можност во крајна сметка ʺитрата лисица“ Киро Глигоров да успее да го надитри Слободан Милошевиќ, и нешатата да не стигнат до конфликт, такви какви што тоа време Белград веќе започнуваше да отвора со Словенија, Хрватска, а подоцна и со Босна и Херцеговина.

Љубопитен детал е дека меѓу југословенските офицери кои се повлекуваа од Скопје е и Ратко Младиќ, кој за жал стана познат по уништувањето на 8.000 босански муслимани, кој тогаш се уште е началник на Одделот за ʺборбена подготовкаʺ во Третата воена област, која ја опфаќаше Македонија.

Првите десет години од постоењето на независна Република Македонија минуваат низ голем број предизвици како што се грчкото непризнавање на земјата под нејзиното уставно име, ембаргото кое следеше се одрази сериозно на локалната економија, започнатите први етнички судири меѓу Македонци и Албанци, обидот за атентат врз претседателот Глигоров, хуманитарна криза во 1999 година кога стотици Албанци од Косово беа протерани од режимот на Милошевиќ, кое доведе до војната на Косово.

Целиот овој сет на внатрешни и регионални околности доведоа до етничкиот конфликт од пролетта во 2001 година, а потоа и до Охридскиот мировен договор.

Денес, се уште нема одговор на прашањето што го предизвика конфликтот во 2001 година, дали тој е израз на природните процеси, за кои предупредуваа независните аналитичари, дека судирот меѓу двете доминантни етнички заедници е неизбежен, или дали Белград ја активирл својата мрежа од агенти, за да ја дестабилизира земјата и да покаже колку проблематично може да биде албанското прашање за стабилност на Балканот.

Доминираат доказите за втората теза, особено кога станаа јасни врските на голем број од поранешните команданти на паравоените од АНА и ОНА со југословенското воено разузнавање, а старите зависности станаа јавно достапни.

Овој конфликт ја натера тогаш владеачката ВМРО-ДПМНЕ, во лицето на премиерот Љубчо Георгиевски, да започнат да размислуваат за поделбата на Република Македонија, како решение за етничкиот конфликт.

Иднината на земјата беше во прашање и Република Македонија беше на пат да биде реално поделена. Али Ахмети, кој тогаш беше лидер на АНА, јавно призна овие дни, дека опцијата за поделба била на масата на преговарите.

ʺНајсериозниот проблем, кој ќе беше трагичен како за локалните Албанци така и за Македонците е поделбата на земјата. Тогаш, пред 20 години и таа опција беше на масата на преговорите, и јас сум благодарен на НАТО, САД и ЕУ што заедно најдовме сила и поддршка, да не се стогне до таа трагична можност, која носеше непредвидливи последици за нашите граѓани.“

Но, дури и 20 години подоцна, Охридскиот договор не ги остава рамнодушни учесниците во него, едни веќе не се меѓу живите, како претседателот Борис Трајковски, локалните албански лидери Имер Имери и Арбен Џафери, како и специјалниот пратеник на САД, Џејмс Пердју, кој беше поранешен амбасадор на САД во Бугарија, а Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски, макар и да се меѓу живите, претпочитаа да не учествуваат на неговото одбележување.

Надвор од секакво сомнение, е дека Охридскиот договор даде гаранции за правата на локалните Албанци и го отвори патот по 18 години, соседна Македонија да се присоедини кон НАТО , откако претходно ги потпиша договорите со соседите Бугарија и Грција, кое го трасираше патот кон приближувањето кон ЕУ.

Симболично Али Ахмети, ја упати клучната порака за значењето на независноста и за сојузничките односи, со што практично раскина со својот имиџ од 2001 година:

ʺНие сме членка на НАТО, треба да ја избришеме од главите класичната автономија или независност. Нема класична автономија или независност кога влегуваш во сојузнички и партнерски односи со ЕУ и треба да ги прифатиш нормите и правилата на сите “.

Вистината е дека Демократската унија за интеграција (BDI) на Али Ахмети, направи многу значајни чекори во овој период во насока кон својата историска одговорност, која времето ја даде, за да помогне во надминувањето на предрасудите и наследството од конфликтот во 2001 година.

Дали тоа беше политичко намигнување кон премиерот на Северна Македонија дека ако тогаш Заев бил премиер, нештата во Северна Македонија немало да се одвиваат на тој начин, претстои да видиме.

Меѓутоа, едно е јасно дека стратегијата на локалните Албанци кај нашиот југозападен сосед е многу различна и од неа зборот поделба со сигурнуст јавно исчезнала.

Охридскиот рамковен договор одамна се претвори во основа на македонскиот политички систем, кој го определува мултиетничкиот и мултирелигиозниот карактер, кој ја гарантира внатрешната стабилност на Северна Македонија.

Без претерување може да се каже дека капиталот на Охридскиот рамковен договор е тоа што даде надеж дека етничките противречности може да се надминуваат преку дијалог и враќање на довербата.

Овој документ може да биде успешен пример за тоа како можат и македонските Бугари можат да најдат полнота во своите права кај нашиот југозападен сосед со цел да се отстрани дел од недовербата помеѓу Софија и Скопје.

Во регионот меѓутоа, не недостасуваат политичари и аналитичари кои се убедени дека Албанците ќе тргнат кон распаѓање и дестабилизација на Македонија.

Тие луѓе или не ја знаат ситуацијата во земјата или просто учествуваат (не) доброволно во странски планови и сценарија за дестабилизацијата на Западен Балкан, поттикнувајќи одредени стравови кај нашиот југозападен сосед.

Во 2015 година, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа во Думата дека Бугарија и Албанија сакаат да ја поделат Македонија, на што Софија остро реагираше, велејќи дека Русија прави неосновани внушувања и создава тензии.

На Балканот никако не е случајно што денес повторно се зборува за јазикот на 90 -тите за поделба, размена на територии меѓу Србија и Косово, сведоци сме на постојани закани дека босанските Срби може да се одделат од БиХ, а неколку месеци пред да го преземе ротирачкото претседателството на ЕУ Словенија создаде нон-пејпер за ʺмирното дораспаѓање“ на Босна и Херцеговина.

Враќањето во минатото создава чувство дека лекциите од последните 30 години не се до крај научени и ризикуваат да ја вратат непредвидливоста на Балканот.

* Авторот е поранешен дописник на Бугарското национално радио во Србија и Западен Балкан 2003-2011 година.

Превземено од foreignisaider.com


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO