Во дуелот од четвртото коло од квалификациите за Светското првенство во Катар, фудбалерите на Македонија одиграа нерешено со Ерменија во Скопје.

Натпреварот од групата Ј заврши без голови во деби натпреварот на новиот селектор Благојa Милевски, кој го замени Игор Ангеловски, кој ја однесе репрезентацијата на Европското првенство.

Во тврд натпревар без многу жар, со исклучително мал број на можности на двете страни, македонските фудбалери беа малку подоминантни во поседот и малку поенергични во последните десет минути, но малку може да се издвои од овој натпревар.

По три победи, Ерменија сега освои бод и останува на првото место во групата, со бод повеќе од Германија, која го совлада Лихтенштајн. Македонија е трета во групата со седум бода.

Нашите сега ги очекува гостување на Исланд, кој вечерва беше поразен од Романија. Дуел е закажан за недела, 5-ти септември.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO