Поради автогол, тимот на носителот на трофејот на турнирот во Лига Европа – Виљареал, ја пропушти победата како гостин на шампионот Атлетико (Мадрид) – 2: 2 во натпревар од 3-тото коло на шпанското фудбалско првенство. При резултат 2: 1 за Виљареал, на пет минути пред крајот на натпреварот, дефанзивецот на ʺжолтата подморница“ Аиса Менди со глава ја насочи топката кон сопствениот гол за да биде фатена од Херонимо Руи. Меѓутоа, тој беше излезен напред и не успеа да се врати навреме за да ја сопре. Така се стигна до нерешен резултат 2: 2. Претходно, головите ги постигнаа Мануел Тригерос (52) и Арно Гроневелд (74) за гостите и Луис Суарен (56) за домаќините.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO