„Синоќа Левски ја постигна својата втора победа од почетокот на сезоната во efbet лигата. Мачно и со голема доза на треперење, „сините“ сепак го скршија подемот на Берое и сега имаат шест бода во својот актив.

Освен повторното тренерско деби на Тодор Симов, одличен старт на својата кариера во Левски направи и засилувањето од Северна Македонија Ѓоко Зајков.

Макар и да беше прифатен со сомнежи поради недостатокот на доволна играчка практика, репрезентативецот на нашиот западен сосед брзо докажа дека е натпреварувач од висока фудбалска класа. Макар што наградата ʺИграч на натпреварот“ отиде во рацете на  Борислав Цонев, можеби човекот, кој заслужува најмногу адмирации е Зајков.

Дебитантот импресионираше со завидната самодоверба и моментално докажа дека ќе биде лидерот во одбраната на Левски. Набргу Шелис, Горанов и Хубчев (Најденов) започнаа да се раководат од неговите дејстеија. И тоа е радувачки затоа што на ʺсините“ им беше потребен токму таков тип карактер во срцето на својата одбрана. Фигура која да воведува ред во ʺсиниот“ хаос.

Најмногу од Зајков видовме по паузата. Тогаш заедно со неговите колеги беше подложен на силен притисок од Берое. Левски пропукна еднаш, но тоа сепак се покажа дозволена грешка. Во останатите периоди, македонецот беше како сенка на Мартин Камбуров и речиси не му дозволи да се најде во стрелачка позиција.

Впечаток направи и неговата силна игра во воздухот, како и движењето без топка. Воопшто Зајков имаше повеќе од стабилно деби, што може да ги постави темелите за еден позитивен негов период на ʺГеренаʺ.

А од Левски треба да се повеќе од задоволни, што во вакви турбулентни времиња за клубот, успеаја да постигнат удар со него на трансферниот пазар. Ѓоко секако е инвестиција која порано или подоцна ќе се исплати.

Останува надежта дека со привлекувањето на уште неколку слични на Зајков засилувања, грандот ќе го добие потребниот завршен изглед и ќе го започне своето искачување на табелата на во efbet лигата“.

Преземено од Topsport.bg

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO