Екипата на ЦСКА Софија го започнува своето учество во групната фаза на фудбалскиот турнир Лига на конференциите против својот најтежок противник – Рома. Натпреварот е на 16 септември во 22 часот на ʺОлимпико“ во Рим. Втората средба на ʺцрвените“ е на домашен терен со Бодио Глимт на 30 септември во 19:45 часот, по што екипата на Стојчо Младенов има уште еден натпревар на домашен терен со Зорија (Луганск), кој ќе биде на 21 октомври во 22 часот.

Целосната програма на ЦСКА Софија:

16 септември, 22:00 часот – Рома – ЦСКА Софија

30 септември, 19:45 часот – ЦСКА Софија – Бодјо Глимт

21 октомври, 22:00 часот – ЦСКА Софија – Зорија

4 ноември, 19:45 часот – Зорија – ЦСКА Софија

25 ноември, 22:00 часот – Бодјо Глимт – ЦСКА Софија

9 декември, 19:45 часот – ЦСКА Софија – Рома


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO