Фото: Роjтерс

Недостигот на работници во Велика Британија доведе до вистинска криза во свињарските фарми, каде има околу 70.000 прасиња за кои нема кој да се грижи откако напуштија Источноевропејците, пишува Гардијан.

Британската прехранбена индустрија упати очаен повик кон владата да воведе ʺспецијални визи за заздравување од Ковид-19“ за да се привлечат странски работници и да се реши кризата во снабдувачкиот ланец, откако свињарите се пожалија дека може да се наложи принудно колење на поголеми количини од вообичаено на целосно здрави животни поради недостиг на работници во свињарските фарми, кои да се грижат за нив.

Но, дури и тоа ќе биде проблем, бидејќи генерално има акутен недостиг на касапи и работници во погоните за преработка на храна.

Поради Брегзит и ʺКовид-19ʺ, многу Источноевропејци, кои се главната работна сила во секторот, ја напуштија Велика Британија и не се вратија, пишува Гардијан.

Според Британската асоцијација на производители на месо во индустријата за преработка на месо, во која 2/3 од работниците не се Британци, постои недостиг од најмалку 15% од потребната работна сила.

Голем проблем е акутниот недостиг на возачи, особено на тешките камиони. Сето ова води до нарушување на синџирот на снабдување, како резултат на што на некои места на Островот се појавија празни полици во супермаркетите.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO