Големата sвезда на светскиот фудбал Килијан Мбапе преминува во Реал (Мадрид), убедени се медиумите во Шпанија и Франција. Напаѓачкиот играч на Пари Сен Жермен ќе ја оствари својата желба да игра во најтитулираниот европски клуб, а зделката се очекува да биде финализирана денеска.

Мбапе разговарал со своите соиграчи во Париз, се збогувал со нив и денеска ќе лета за Мадрид да го потпише договорот. Откако тој ќе стане факт, Килијан Мбапе ќе се присоедини кон таборот на француската репрезентација за претстојните светски квалификации.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO