Фото: Роjтерс

Технолошката компанија Verizon Media-сопственик на сајтот Yahoo, планира да ги затвори своите новинарски сајтови во Индија поради воведените од владата на земјата нови правила, со кои се забранува повеќе од 26% странско финансирање на дигиталните новинарски медиуми, соопштува ТАСС.

ʺОд 26 август 2021 година, Yahoo India нема да публикува повеќе материјали. Вашиот Yahoo акаунт, поштата и пребарувачката нема да бидат засегнати на никаков начин и ќе работат како и обично. Ви благодариме за поддршката “, стои во соопштението објавено денеска на страницата на Yahoo India.

Компанијата ќе ги затвори во наредните денови и новинарските сајтови Yahoo News, Yahoo Cricket, Finance, Entertainment и MAKERS India.

Решението на Yahoo India беше под влијание на промената на индиските регулаторни закони кои сега ја ограничуваат странската сопственост на медиумски компании кои работат и публикуваат дигитална содржина во Индија.

Во истото време, се нагласува дека новите правила нема да влијаат на работата на Yahoo Mail и Yahoo Search. ʺЌе продолжиме да ги опслужуваме потрошувачите во Индија како и претходно, без никакви промени“, велат од компанијата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO