
Бугарската оперска дива Соња Јончева ја доби најпрестижната германска награда во областа на класичната музика -OPUS Klassik. Таа беше објавена за ʺПејачка на годината“ за успехот на нејзиниот нов албум ʺ Rebirth “.
Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на 10 октомври во Концертхаус Берлин. Се очекува на неа да учествуваат, освен познатата бугарка и нејзините еминентни колеги Пјотр Бечала, Даниел Хоуп, Даниил Трифонов, Фатма Саид, Мартин Фрост, Лусиен Ренодин Вари, Пабло Ферандез и други.
Денови пред долгоочекуваната ʺГала во Софија“- концертот на Соња Јончева и Пласидо Доминго пред катедралата ʺАлександар Невскиʺ на 31 август, во кој ќе соработуваат со Софиската филхармонија под раководство на Најден Тодоров, бугарската пеачка со светска слава го доби признанието на своите сограѓани – титулата ʺПочесен граѓанин на Пловдив“. Наградата беше доделена за нејзиниот извонреден придонес во областа на оперната уметност и јавниот живот, нејзините бројни заслуги за развојот и популаризацијата на културата и утврдувањето на националниот и меѓународниот престиж на нејзиниот роден град Пловдив.
