Фото: Роjтерс

Кристијано Роналдо се обидува да обезбеди изненадувачки трансфер во Манчестер Сити. 36-годишниот напаѓач има уште една година до крајот на актуелниот договор со Јувентус и беше поврзуван со трансфер надвор од гигантот од Серија А ова лето. Се појавија гласини за можно враќање во Реал (Мадрид) или Манчестер Јунајтед, како и за присоединување кон Лионел Меси во Пари Сен Жермен.

Францускиот дневен весник ʺЕкип“ објави дека Роналдо е склон да се премине во Сити, бидејќи Бернардо Силва и Ајмерик Лапорт потенцијално би можеле да отидат во правец на Јувентус. Според информациите, Роналдо разговарал со неколку играчи на ʺграѓаните“ за трансферот, меѓу кои и соиграчите во репрезентацијата на Португалија Силва, Рубен Дијаз и Жоао Кансело.

Сити е подготвен да ја плаќа платата на sвездата, која вреди 31 милион евра годишно, но сакаат да го купат за ниска трансферна сума. Шампионите во Премиер лигата бараат напаѓач во овој преоден рок, со надеж дека ќе го привлечат Хари Кејн. Присоединувањето би Сити би било противречно за Роналдо, кој се уште е сакан од навивачите на градскиот ривал Јунајтед по шесте години во клубот помеѓу 2003-2009 година.

Роналдо минатата седдмица публикуваше изјава, одговарајќи на гласините за неговата иднина, но решението да започне од клупата за резерви при нерешениот резултат 2: 2 со Удинезе во неделата ги зголеми шпекулациите за негова можна разделба со ʺСтарата дама“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO