Арсенал официјално ги откупи правата на Мартин Јодегор. Халфот, кој играше за „Емирати“ во втората половина на минатата сезона, е откупен од Реал (Мадрид) за 30 милиони фунти плус бонуси, кои можат да достигнат околу 4 милиони фунти.

Норвежанецот пристигна во Лондон во средата, откако двата клуба меѓусебно се договорија, за да биде подложен на лекарски прегледи.

Тој ќе го носи дресот со бр. 8 во Арсенал, но нема да може да дебитира викендов, кога е дербито со Челзи, бидејќи сеуште ја чека работната виза. Сепак, Норвежанецот ќе биде на трибините за овој судир.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO