Фото: Роjтерс

Раководството на Баерн не планира да ја продава својата sвезда Роберт Левандовски ова лето, соопштија германските медиуми. Од клубот веднаш реагираа на информациите дека Полјакот бара нов предизвик.

Неговата продажба меѓутоа нема да биде разгледувана пред крајот на оваа сезона. Самиот Левандовски ја прифаќа позицијата на раководството и нема да настојва на трансфер.

Претходно, се појавија соопштенија дека напаѓачот има желба да ја смени клупската припадност и да се пресели во друг водечки европски клуб пред да наполни 35 години.

Во текот на минатата сезона, Левандовски учествуваше на 40 средби за Баерн на сите турнири, на кои постигна 48 гола и асистираше за девет. Неговиот договор со клубот е до летото 2023 година


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO