Фото: Роjтерс

Подем на туризмот во Грција и покрај строгите мерки и зголемениот број на заразени со коронавирус. Бугари и Романци го надоместија недостатокот на руски туристи во северна Грција, според туристичките агенции.

Досегашните сигнали се за многу успешен туристички период за август и септември, соопштуваат од Министерството за туризам во Атина.

Бугари и Романци се повторно основни туристи во северна Грција. Причината за тоа е што избегнуваат патување со фериботи до островите и добрата епидемиолошка состојба во овој дел на Грција, коментираат туристичките агенции. Најмногу Бугари одмараат на Халкидики и Кавала.

И покрај воведените рестриктивни мерки, зафатеноста на хотелите на островите надмина 80%, според Институтот за туристичка политика. На Миконос и Санторини, се е резервирано и за месец септември. Крит и Родос се на трето мнаесто  најпопуларни дестинации за одмор за странските туристи, соопштува Светската туристичка агенција.

Два острови – Миконос и Карпатос досега се посетени од повеќе туристи отколку во изминатата година.

Оваа година, Грција си постави цел да достигне 50% од туристите во споредба со успешната 2019 година. Се чини дека оваа цел ќе биде надмината, предвидува туристичкиот сектор.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO