Ѓоко Зајков веќе и официјално е фудбалер на Левски. Ова го соопштија од клубот. Репрезентативецот на Северна Македонија потпиша договор со ʺсините“ во период од една година.

Еве што напишаа од Левски:

ʺПФК Левски“ потпиша договор со дефанзивецот Ѓоко Зајков, а договорот со репрезентативецот на Северна Македонија е на една година.

За последно Зајков беше дел од тимот на Шарлероа, каде што беше соиграч со Иван Горанов. Тој е централен дефанзивец, а дел од кариерата ја минува во тимот на францускиот ʺРен“.

Младинецот на Работнички е висок 187 сантиметри и е роден во Скопје. По одреден период во матичниот тим, тој заминува во францускииот ʺРен“, кој го позајмува на белгискиот ʺШарлероа“.

Зајков има 17 натпревари и 1 гол за Северна Македонија. На Евро 2020, Зајков беше дел од селекцијата на Македонците.

ʺПФК Левски“ го поздравува со добро дојде на Герена Ѓоко Зајков во Герена и му посакува многу среќни моменти со синиот дрес.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO