Фото: Роjтерс

Tesla Inc. поднесе планови во Кина да произведува пет дополнителни модели од својот електричен SUV Model Y  во својата фабрика во Шангај, објави денес американскиот новинарски сајт за електричниот транспорт Electrek.

Според изданието, производителот на електрични автомобили има намера да направи две верзии на моделот Y Standard Range, едната со мотор произведен во Tesla, а другата со странски мотор.

Дополнителните модели за кои е аплицирано се Model Y Long Range RWD, Model Y Long Range Dual Motor и новиот Model Y Performance.

Во информацијата на Electrek се претоставува, дека некои од моделите може да бидат извезени на други пазари, особено новиот модел Y Standard Range.

Пред извесно време, Tesla изјави дека фабриката на компанијата во Шангај се претворила во „нов центар за извоз на најзначајните превозни средства“ на производителот на автомобили.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO