Фото: Роjтерс

Лионел Меси кариерата ќе ја продолжи својата кариера во Пари Сен Жермен, соопшти колумнистот на Би-Би-Си, Гуjлем Балаг.

Според него, Аргентинецот веќе потпишал двегодишен договор со можност за продолжување до јуни 2024. Шесткратниот освојувач на ʺЗлатната топка“ ќе заработи околу 35 милиони евра, вклучително бонусите.

Таткото на Лионел Меси во вторникот за шпанските медиуми потврди дека неговиот син ќе се присоедини на Пари Сен Жермен.

На новинарско прашање на аеродромот ʺЕл Прат“ во Барселона дали аргентинската sвезда ќе потпише со францускиот клуб во текот на денот, Хорхе Меси, кој е агент на фудбалерот, одговори концизно со ʺДа“. На прашањето дали фудбалерот е тажен што ја напушти Барселона, тој кажа: „Не го видовте ли?“. Кога новинарите го прашаа чија е вината што шесткратниот освојувач на ʺЗлатната топка“ го напушта каталонскиот гигант, Хорхе Меси одговори: ʺПрашајте го клубот“.

Неговиот син Лионел пристигна на аеродромот во Барселона со сопругата и трите деца.

Лионел Меси е најдобриот голгетер во историјата на шпанското првенство, Барселона и Аргентина. За ʺблаугранасʺ- каде дојде на 13 -годишна возраст, постигна 772 гола на 778 натпревари. Меси освои вкупно 35 трофеи со Барса и освои рекордни шест ʺЗлатни топкиʺ.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO