Фото: Роjтерс

Суперsвездата на тимот од НБА Далас Маверикс, Лука Дончиќ постигна согласност со клубот за нов 5-годишен договор на вкупна вредност од 207 милиони долари, соопштија американските медиуми.

22-годишниот Словенец подоцна денеска ќе одржи прес-конференција во Љубљана, на која официјално ќе го објави своето останувањв во тексашкиот клуб. На прес -конференцијата се очекува да се вклучат уште сопственикот на Маверикс, Марк Кубан, тренерот Џејсон Кид и генералниот менаџер на клубот, Нико Харисон.

Договорот вреден 207 милиони долари е најголемиот во историјата на Националната кошаркарска асоцијација, што го добива играч кој излегува од дебитантски договор.

Со дел од парите што ќе ги добие, Дончиќ вети дека ќе ја финансира неговата фондација, која поддржува различни каузи во неговата татковина Словенија и во Северен Тексас.

Дончиќ дојде од Реал (Мадрид) и беше избран како број 3 на драфтот за 2018 година. Во 2019 година, тој ја освои наградата ʺДебитант на годинатʺа и веќе има два настапи на НБА Ол-стар натпреварот. На 199 натпревари во кариерата, тој во просек постигна 25,7 поени, 8,4 скокови и 7,7 асистенции.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO