Според денешните пишувања на бугарските медиуми, централниот дефанзивец на бугарскиот прволигаш Черно Море, Влатко Дробаров може да добие повик за настап во репрезентацијата на Бугарија. 28-годишниот скопјанец има бугарски пасош, посочуваат бугарските медиуми, па според тоа непречено може да настапува за Бугарија, откако за Македонија има настапи за сите младински селекции.

„Како секој професионален натпреварувач, давам се од себе си за моето добро претставување, како на теренот, така и надвор од него. За мене е задоволство што оваа работа се забележува од фудбалските луѓе во Бугарија, за што им благодарам “, коментира Дробаров за ʺСпортал.бгʺ.

ʺНе гледам ништо чудно. Имам пријатели овде во Бугарија и ги сакам соиграчите како семејство. Нема причина тој интерес да ми биде чуден. Политиката не ме интересира. Да, јас би се согласил да играм за репрезентацијата на Бугарија “, заврши дефанзивецот на Черно Море.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO