Фото: Роjтерс

Одбојкарките на Соединетите држави за првпат во својата историја освоија олимписка титула.

Девојките на легендарниот Карч Кирали категорично го надиграа Бразил со 3-0 (25:21, 25:20, 25:14) во големото финале на женскиот турнир на Олимпијадата во Токио 2020, во ʺАриаке аренаʺ.

Така, Соединетите Држави се одмаздија за двете загубени финалиња од ʺСелесао“ на Игрите во Пекинг 2008 и Лондон 2012 година и ја освоија олимписката титула за прв пат во историјата по 4 загубени финалиња досега.

Постигнувањето е уникатно и за Карч Кирали, кој е двократен олимписки шампион како играч со САД (Лос Анџелес 1984 и Сеул 1988) и еднаш во одбојка на плажа во Атланта во 1996 година.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO