Кога пред три дена, Шојгу, омилениот министер на Путин, објави дека во Сибир требало да бидат изградени до пет нови градови , секој со до милион жители – и таму да се преместела и престолнината на Русија – веднаш се сетив за проектот на Остап Бендер да направи од пренаселеното градче Васјуки престолнина под името ʺЊу Москва“. Но, разбрав дека аналогијата е неточна: проектот на херојот на Илф и Петров беше многу пореалистичен: Васјуки организираше светски шаховски конгрес, советската влада, да се отсрами пред светот, гради заради тоа цел нов град, а по конгресот измачените од ʺстанбеното прашање“ московјани ги окупираат испразнетите згради – и готово! Тука, дејствително е земено во предвид главното, за да суштествува еден град: да има луѓе, кои имаат желба да живеат во него. Но, по О. Бендер, половина век советски тоталитаризам и уште 20 години путинизам – и Шојгу може да си дозволи да се потпре само на државниот интерес. И сила. И на државното насилство, секогаш подготвено.

Кое наидува на поддршка кај така воспитуваниот од комунизмот и путинизмот руски народ – да не се мачи да си го формулира својот интерес, а да го замени со формулата, која државата на готово му ја дава. (Да не имаме тука пандемиски стокхолмски синдром? – кој знае, да каже!)

Вредеше да ги изчекам овие три дена, за да се видат автентичните руски реакции. На пример (цитирам коментар од различни руски медиуми и мрежи, широко достапни на Интернет – РБК, Новаја Газета, ВКонтакте, и др.):

Ирина Пурина: Крајно време беше, затоа што Кинезите, се таму окупирале и населиле, а Јавлински им вети на Американците да им го подари Сибир, тие да му ја нашле користа. Толку малку народ има таму, стана некаква бркотница – и Американците и Кинезите ќе отсечат половина од нашата земја и нивното око нема да им трепне! Шојгу си ја знае работата !!

Максим Зизјук: Престолнината треба да е во Сибир! Логично си е – таму е центарот.

Но, има и луѓе поштедени од панрускиот столкхомски синдром:

Борис Григориев: Се сетив на Њу Васјуки

Влада Власова: Какви грандиозни планови – но за почеток да ги беа демонтирале бараките и да ги преселат луѓето.

Макс Титов: А зошто не земе да ги доведе во нормална состојба постојните градови?!?! ??

Нема да ги цитирам сервилните научници со нивните ракоплескања, кои преминуваат во овации. Но, не-таквите научници се на мислење на не-болните граѓани:

Вјачеслав Шупер, научен соработник по социјално-економска географија, Руска академија на науките: Нема да ја разгледувам можноста да се градат милионски градови во тајгата, затоа што не го мислам Шојгу за глупак. По повод преместувањето на престолнината – бевме сведоци на обидите за преместување на престолнината во Њу Москва, кои придобија сосема анегдотски карактер.

Алексеј Новиков, кандидат на географските науки, урбанист: Според оценката на Светска банка, 25 милиони луѓе во Русија живеат таму каде што не може да се живее – тоа се климатски екстремни места. [И објаснува дека од 1995 година има програма за преселување на тие луѓе во поповолни реони; во 2003 година, оваа програма станува закон. Но, од бирократски причини не се исполнува.] А сега – нови градови во Сибир, и престолнината таму. Апсурд!

Во 60 -тите, учевме на училиште, дека советскиот човек ќе ги направи ʺсеверните реки да потечат на југ“ и јужните пустини да процветаат, наводнувани со сибирска вода. Се покажа дека овој мегаломански проект проголта 20 -годишна работа на 160 советски организации пред да биде запрен поради неостварливост. Очигледно, треба ние, надворешни луѓе, да им го припомниме – затоа што навистина ниту го заборавиле (фанфарниот почеток), ниту научиле (да не го повтараат катастрофалниот крај). Во 2021 година – како во 1951 година!

Кога денешен руски дипломат го завршъва својот престој во странство, неговите колеги му кажуваат, дека му претстои да jа истрпи ʺказната татковина“. Може да ги разбере човек!

–––––––––––

Автор: Дејан Ќуранов-Доктор по филозофија, завршил на Софискиот универзитет ʺСв. Климент Охридски “. Коосновач на неформалното здружение „Екогласност“ и на СДС, ја напушта политиката во 1990 година. Оттогаш работи во невладини организации; во Центарот за либерални стратегии од неговото создававање.

Преземено од dnevnik.bg


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO