Фото: Роjтерс

Пејачката Ријана веќе официјално е милијардерка и најбогат музичар во светот, покажуваат податоците на списанието Форбс, објави Би -Би -Си.

Поп -sвездата има богатство од 1,7 милијарди долари, од кои околу 1,4 милијарди долари се од нејзината козметичка компанија ʺФенти убавина“.

Остатокот од нејзиното богатство доаѓа главно од компанијата за долна облека ʺSavage x Fenty“, како и приходите од музика и филмови.

Како најбогата дама меѓу светските славни личности, 33-годишната Ријана и отстапува единствено на Опра Винфри.

Ријана, чие вистинско име е Робин Фенти, не издавала студиски албум од 2016. Меѓутоа, скоро беше забележана како снима видео со своето момче, раперот A$AP Rocky.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO