Фото: Роjтерс

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин изјави денес, дека неговата земја има за цел да стане петтиот по големина производител на вакцини против Ковид-19 во светот до 2025 година, инвестирајќи 2,2 трилиони вони, или 1,92 милијарди долари.

Мун Џае -ин посочи дека азиската земја исто така развива и своја вакцина, која се очекува да биде пуштена во првата половина на 2022 година. Производството на вакцината треба да влезе во Фаза 3 на клиничките испитувања, додаде тој.

Претходно, Јужна Кореја постигна договори за производство на вакцини развиени од AstraZeneca и Оксфордскиот универзитет, од Novavax и Moderna, како и руската вакцина Спутник лајт на истражувачкиот институт ʺГамалејаʺ.

Исто така денес, стана јасно дека руската биофармацевтска компанија Petrovax планира да произведува до 10 милиони дози месечно од вакцината за коронавирус Ad5-nCoV, развиена од кинеската CanSino Biologics Inc.

Во интервју за ТАСС, официјален претставник на Petrovax одбележа дека производството на вакцината, позната и како Convidecia, ќе зависи и од побарувачката.

Клиничките испитувања на вакцината на кинеската компанија „CanSino“ во Русија најверојатно ќе завршат во септември, посочи тој, додавајќи дека вкупниот производствен капацитет на Petrovax достигнува 160 милиони дози годишно.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO