Фото: Роjтерс

Репрезентацијата на САД ја совладаа Австралија со 97:78 (18:24, 24:21, 32:10, 23:23) и се пласираше во финалето на Олимпискиот кошаркарски турнир во Токио. Во текот на натпреварот, Американците заостануваа 15 поени, но надополнија во третата четвртина со неверојатна игра.

За тимот на Грег Попович, над сите беше Кевин Дурент, кој постигна 23 поени и 9 скока. Девин Букер додаде 20 поени, а Џру Холидеј постигна 11 поени, 8 скока и 8 асистенции.

За Австралија, Патрик Милс постигна 15 поени.

Во другото полуфинале ќе се сретнат Франција и Словенија. Финалето и мечот за бронзата ќе се одиграат на 7 август.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO