Фото: Роjтерс

Искусниот фудбалски тренер Луис ван Гал по трет пат е назначен за селектор на холандската репрезентација, објави тамошната фудбалска асоцијација.

Ван Гал (69) ќе го замени Франк де Бур на чело на репрезентацијата, кој поднесе оставка од Чешка по поразот во осминафиналето на Европското првенство.

Холанѓанецот првпат ја предводеше репрезентацијата од 2000 до 2002 година, кога не успеа да се пласира на Светското првенство.

Во својот втор мандат, тој имаше повеќе успеси на чело на националниот тим, бидејќи го предводеше тимот до третото место на Светското првенство во Бразил 2014 година.

За време на тренерската кариера, Ван Гал го предводеше Ајакс до титулата во Лигата на шампионите во 1995 година, а исто така седна и на клупата на Барселона, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO