И во Вашингтон, и во Берлин, и во Париз, и во Лондон, доминираат и разочарување и замор од Балканот. Се наметнуваат, како нужни, наметнати решенија.

Со постојната структура на ЕУ, која обврзува правен договор меѓу Србија и Косово нема да биде ниту договорен, ниту потпишан. Дури и да се потпише тој договор, ќе беше како и да не е: потпишан на лед, па поднесено на оган, пишува Вук Драшковиќ во колумна за Блиц.

Европската унија денес не може да обврзува никого на било што. Секое решение за било што мора да биде изгласана согласност од сите членови на Унијата. Само една држава, дури и најмалата, со своето вето може да блокира се. Препораки, резолуции, декларации, па и самите со консензус донесени решенија, не мора да се почитуваат. Нема соодветни санкции за непослушните членови, за режимите и фирерите кои ги нарушуваат темелните вредности на Унијата, нема санкции за оние кои наводно се за членство во ЕУ, а нивните ʺбриселски“ возови се движат кон Москва, Пекинг, Минск, Техеран…

Да се замижува и да не се бранува! Тоа е стратегија на бриселската администрација. Како духот на Невил Чембрлен од 30 -тите на минатиот век да управува со Европската унија. Appeasement! Да им се попушта на диктаторите, па дури и да ги помагате, за да го зачувате мирот. Стабилократија е сегашното име на сегашните Чембрленци. Да се избегнува се што може да предизвика бура.

Бриселските преговори меѓу Србија и Косово ги прави илузорни и блокада на Советот за безбедност на Обединетите нации. Ако, по некое чудо, преговарачите од Белград и Приштина го потпишат бараниот договор, него треба да го потврди и Советот за безбедност на ОН, а тоа со свое вето може да го спречи било кој од петте постојани членки на Советот за безбедност.

Познато е дека нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово не сакаат да ја спречат ниту САД, ниту Франција, ниту Велика Британија, а можеби ниту Кина. Русија, за жал само Русија. Замрзнатиот косовски судир е јаже околу вратот на Србија, но за тој коноп се врзани сите сегашни планови на Путинова Москва и нејзиниот продор во таканаречениот ʺсрпски свет“ на Балканот.

Поминаа дваесет и шест години од Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната во БиХ, и дваесет и една година од кумановската капитулација на режимот на Милошевиќ и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, со која заврши војната во Косово. Да не заборавиме. Мирот не е договорен во преговорите, во било каков дијалог меѓу завојуваните страни. Мирот е наметнат. И го наметнаа Америка и НАТО алијансата.

Судбината на мирот постигнат со сила е препуштена на Европската унија, нејзините најдобри намери, донации, фондови. Без стап, со многу моркови, изрежирани пофалби и срамежливи прекори, Брисел веќе две децении се обидува да ги европеизира и цивилизира племињата во срцето на Балканот, загледани се уште во војна и омраза.

Резултатот е поразителен. Србија, БиХ и Косово се ментално во воените деведесетти години. Во 90-тите е и Хрватска, без оглед на нејзиното членство и во ЕУ и во НАТО алијансата. Руската агентурса, поповите на српската црква и се побучните идеолози на обединување на ʺсрпскиот свет“ во 90 –тите ја урнаа и Црна Гора.

И во Вашингтон, и во Берлин, и во Париз, и во Лондон, доминираат и разочарување и замор од Балканот .Трпението е при крај. Се наметнуваат, како нужни, наметнати решенија. Со законот за казнивост на одрекувањето на геноцидот во Сребреница и величењето на воените злосторници, Валентин Инцко најавува радикален балкански курс на Западот, без оглед на мрморењата од Пекинг и Москва, заканите на Додик за отцепување на Република Српска, антизападното и медиумско и политичко лудило во Србија. Кој не сака милум, ќе мора со сила.

Светот е повторно пред ломови, регионални и глобални, слични на оние од времето на падот на Берлинскиот ѕид. Неизбежен е судирот на тројната алијанса САД-НАТО-ЕУ со империјалните амбиции на комунистичкиот режим во Пекинг и антизападното малигно влијание на сталинистичките носталгичари и јастреби во Кремљ.

Таа Русија е противник, но не и стратешки непријател. Повлекувањето на американскиот претседател Бајден од блокада на рускиот гасовод ʺСеверен потокʺ е најава за различни договори. Отстапување за отстапување. Крим за Косово. Владимир Путин го бара тоа одамна.

ʺСрпски свет“ е московски жетон за трговија. Белградските идеолози на тој проект на Голема Србија однапред се жртвувани како заложници на една опасна илузија. Опасна и за Србија и за целиот српски народ во државите на урнатините на Југославија.

Западниот свет, европскиот свет, а не ниту топови ниту попови.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO