Фото: Роjтерс

Андриј Шевченко изненадувачки објави дека ја напушта функцијата национален селектор на Украина.

ʺДенеска ми заврши договорот со украинскиот фудбалски сојуз.

Поминав пет години со репрезентацијата. Напорната работа докажа дека сме способни да играме модерен фудбал.

Им благодарам на секој играч и на секој човек, кои помогнаа и беа дел од тимот.

Голема благодарност до сите фанови за нивната поддршка и критики.

Заедно, успеавме да покажеме дека нашиот фудбал може да биде конкурентен, продуктивен и возбудлив “, напиша Шевченко на социјалните мрежи, но не наведе конкретна причина за своето решение.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO