Додека е време – да го информираме кандидатот за премиер Пламен Николов. Преспанскиот договор е помеѓу РС Македонија и Грција – не помеѓу РС Македонија и Бугарија. Ние исто имаме договор со Скопје, но да го ʺревидираме“, како што посака г -дин Николов, ќе биде многу тешко и најверојатно многу неполезно. Најмалку затоа што моќната србоманска заедница во елитата на Скопје, на чело со ВМРО-ДПМНЕ, се бори токму за тоа-за ревизија и релативизирање на договорот. Овој договор е несовршен – тој е недоволно конкретен, но неговото ревидирање е поопасно отколку придржувањето кон него и неговите постулати.

Би го посоветувал г -дин Николов две работи. Прво, да настојува пред својот партиски началник, номинацијата за министер за надворешните работи да биде сериозна, одговорна и во согласност со предизвиците, со кои Бугарија ќе треба да се справи, вклучително во двостраните односи со Македонија во следните месеци и години. Второ, лично да осмисли и заштити пред својот голем началник балансирана политика кон проблемите во односите со РС Македонија, најмалку затоа што еден последователен неуспех во таа политика би нанесол непоправливи штети на бугарскиот национален интерес, а од таму и на управувањето со ИТН. Темата е деликатна – патосот на ʺ Боят настана, тупкат сърца ни……“ е неадекватен.

––––––––-

Огнјан Минчев-бугарски политиколог, доктор по социолошки науки


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO