
Опис: „Из миналото. Христо Узунов (Дуле)“, публикувано од Наум Томалевски од Крушево во весникот “ Свобода или смърт. ВМРО. Революционен лист“, година V, број 85, Софија, 20 февруари 1929 година
Во 1916 година, кога Бугарија веќе ја ослободила Македонија од српскиот режим, многу бугарски офицери од Македонија ги посетуваат своите родни места. Еден таков бугарски офицер е видниот бугарски учител и револуционер на ВМОРО, Наум Томалевски, кој го посетува лобното место на друг бугарски учител и револуционер на ВМОРО, трагично загинатиот заедно со целата негова чета, Христо Узунов.
„Един пролетен ден през 1916 г. с неколко приятели отидохме в Цер. На сочна цъфнала поляна, до сгушената под големи клони стара черквица селяни разказват за страданията на героическото село, за опожаряването му, за смъртта на Христо Узунов и неговата юнашка дружина. Разказват с удивление и голема скръб. Поисках да видя гроба. Тръгнахме всички. Към нас се присъединиха още мнозина, когато преминахме селото. Спрехме се до къщата на Костадиница Стоянова Цунова, Обгорели, окадени неколко стени и купища камъни – развалини, обраснали с гърст бурен. Подбрадена с черна кърпа, домакинята на срутения дом ни разказва с тих, тъжен глас за „големото нещастие с нашите бракя, които аскера видел кога влезнали у нас дома. Бех на чешма, децата ми беха сами. И кога влезох със стомната, бракята ми казаха, Дуле ми каза: „Земи си децата и излезни вънка да не се губиш и ти с нас. Сами си се избиха бракята“.
Над селото е гроба, малък дървен кръст, трева и синчец. Замълчали смирено стоим неколко секунди. Изстрели от револвер. Обърнахме се сепнати. Моят приятел, който е водил некога като куриер Узунова, блед и насълзен, продължаваше да стреля викайки: „Дуле, Дуле, стани, слободни сме! Булгария дойде! Кажете му, бре бракя“. Загърме и друг и трет, и четвърт…“
Извор: Скенирано од оригинален примерок
Автор: Родениот во град Крушево Наум (Нуне) Христов Томалевски (1882 – 1930, Софија) е бугарски учител, револуционер на ВМОРО, член на Задграничното претставништво на организацијата во Софија, офицер од Бугарската армија и градоначалник на Крушево за време на бугарското администрирање на градот за време на Првата светска војна.
Се присоединува кон ВМОРО уште како ученик во Битолската бугарска класична гимназија. По дипломирањето, станува учител во бугарското педагошко училиште во Скопје. Учествува во Илинденското востание, а во домотна неговите родители во Крушево е објавена таканаречената Крушевска република.
Посетете ја Википедија за повеќе информации за Наум Томалевски
За да ја прочитате публикацијата кликнете ТУКА
Извор: Библиотека Струмски
