Прв медал за Македонија на Олимписките игри во Токио. Дејан Георгиевски, сепак, дојде до сребрениот медал, откако во финалето загуби од русинот Владислав Ларин.

Првиот дел од борбата го доби Ларин со 2:0, а потоа Георгиевски на стартот израмни 2:2. За само две секунди успеа Ларин во вториот период да направи пет поени и да врати 7:2.  Меѓутоа Георгиевски со два удари дојде до 7:5, а потоа со уште еден удар и до 9:5. Меѓутоа Георгиевски го возврати ударот и дојде до 9:7.

Третиот период донесе казнен поен за Георгиевски за 10:7, а потоа 10:8. Ударот во главата на Ларин му донесе предност од 13:8. Потоа и казнен поен за Русинот за 13:9, а потоа уште еден удар за 15:9, и тука веќе се знаеше победникот.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO