Mакедонскиот таеквондист Дејан Георгиевски катастрофално го порази Кјо Дон Ин од Јужна Кореја во полуфиналето на Олимписките игри во Токио со 12:6 и се пласираше во финалето во категоријата +80 килограми. Она што е сигурно е тоа дека Македонија веќе освои медал, а тоа е сребро. Георгиевски со пласманот во финалето веќе е на второто место во оваа категорија, но сепак попладнево во 14:45 по македонско време има можност за историја и по 20 години да и донесе златен медал на Македонија од Олимписките игри.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO