Фото: Роjтерс

Манчестер Јунајтед го објави трансферот на Џејден Санчо од Борусија (Дортмунд). Крилниот напаѓач им се придружи на „жолто-црните“ како 17-годишник, откако избра да премине во Бундеслигата, наместо да се бори за место во првиот тим на Манчестер Сити. За време на престојот во Дортмунд постигна 50 погодоци и забележа 64 асистенции.
Четири години подоцна, тој реши да се врати во Премиер лигата откако минатата година беше близу до трансфер на ʺОлд Трафорд“. ʺЦрвените ѓаволи“ тогаш не успеаја да го исполнат барањето на Дортмунд од 100 милиони фунти, но сега играчот е ветен за 75 милиони фунти, а официјалниот профил на Јунајтед на „Твитер“ објави видео во кое го најавува неговото пристигнување, во кое 21-годишниот англиски репрезентативец сподели „Ова е местото на кое припаѓам.“
Веста доаѓа, откако порано се појави дека 28-годишниот француски репрезентативец на Јунајтед Пол Погба го одбил предлогот за нов договор од 350 000 фунти неделно, кој може да биде на вредност од 50 милиони фунти.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO