Плакета за придонес на филозофско-историскиот натпревар ʺМакедонија и Бугарија – блиските далечни”, доби европратеникот Илхан Ќучук кој воедно е и нов претседател на европските либерали. Тој е постојан известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија и ваквите иницијативи честопати се поддржани од него, а оваа плакета е уште едно признание за неговиот придонес во меѓународните односи на земјата.

– Исклучително важно е добрите примери и практики да ја добијат потребната поддршка од јавноста. Затоа ќе продолжам да ги поддржувам ваквите иницијативи, кои ќе ги зајакнат нашите добрососедски односи во иднина, рече тој за време на доделувањето на наградите.

По доделувањето на наградите, европратеникот Илхан Ќучук и директорот на СУ „Вела Благоева” Ангел Јанчев одржаа состанок на кој се договорија од следната година на конкурсот покрај студенти од Бугарија да учествуваат и студенти од Северна Македонија. Двајцата веруваат дека местото на Северна Македонија е во Унијата и ваквите заеднички иницијативи се чекор кон подобри односи во иднина меѓу земјите. Шампионите ќе добијат шанса да гостуваат на ЕП во Брисел. Целта на натпреварот е кохезија и добрососедски односи да се развиваат во иднина.

Оваа година на конкурсот организиран од СУ „Вела Благоева” во партнерство со Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј” и под покровителство на Ќучук, учествуваа рекорден број учесници од целата земја. Победниците на конкурсот ќе добијат награда и ќе имаат можност да го посетат Европскиот парламент.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO