Фото: Роjтерс

Црн рекорд во Грција со над 3.500 заразени за еден ден.

Туристите го напуштаат Миконос, каде до понеделник се воведени вонредни мерки.

Цел на Министерството за здравство се и други острови со висок број на заразени со Ковид-19 .

Сопствениците на ресторани на островот Миконос упатија гневно обраќање кон владата, дека ја префрли вината за распостранувањето на вирусот на туристите и ноќните клубови.

Од опозицијата исто така го критикуваат премиерот за недостаток на стратегија и слаба контрола од страна на властите. До понеделник, 26 јули, во сила се вечерен час и забрана за музика.

Туристите чекаат во ред неколку часа за да се тестираат и да го напуштат островот.

На островите Санторини, Крит и Парос, каде бројот на заразените исто така нагло се зголемува, местните власти ги повикуваат сите да ги почитуваат мерките, за да се приложи сценариото на Миконос.

Министерот за развој Геогиадис соопшти дека наскоро ќе се воведе задолжително вакцинирање не само за медицинските лица и социјалните работници, туку и за наставниците и за голем број државни службеници. Студентите нема да смеат да присуствуваат на предавања без негативен тест или сертификат, изјави министерот за образование Карамаос.

Веќе 54 пожарникари се префрлени на други позиции, бидејќи одбиваат да се вакцинираат. Според плановите на владата, оние што ја откажале вакцината ќе заминат на неплатено отсуство. Во приватниот сектор, работодавците се закануваат дека ќе ги отпуштат невакцинираните, соопштуваат од синдикатите.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO