ʺБугарија е во криза и најочигледна манифестација на овој факт е дека повеќе од една година немаме полноправна нормална влада, немаме влада што ужива доверба, немаме влада што ужива парламентарна поддршка и немаме јасна формула за тоа како да составиме следна влада, а земјата е во криза и е исправена пред сложени предизвици.“ Ова го изјви на тржественото отворање на сесијата на новото Народното собрание Христо Иванов во име на парламентарната група на ʺДемократска Бугарија“.

На прво место меѓу приоритетите Иванов ја стави подготовката за претстојниот следен Ковид-бран.

На второ место, Христо Иванов истакна дека следи максимално брзо да се осигури внесувањето на Планот за обновување.

Според Христо Иванов, треба максимално брзо да започне работата за буџет на промената, во која треба да биде заложен моделот за обнова и решителни мерки за подобрување на ефективноста на јавните расходи.

Разговорот за здравствената реформа треба да започне веднаш, нагласи Иванов.

Меѓу другите акценти, Христо Иванов ги истакна политиките за Бугарите во странство, продолжувањето на реформите во изборното законодавство и зелената тема.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO