ʺВо следните 14-15 дена, ако се точни претходно зајавените декларации за промена на државата, а не за желба за позиции, би требало да има влада, која да ја продолжи работата што ја започна службениот кабинет. Тоа е насоката според нас, во која треба да се развива земјата. Ако нема, веројатноста да отидеме на предвремени избори, уште едни, е голема “. Тоа го кажа од името на ИТН, Тошко Јорданов на отворањето на сесијата на новоизбраниот парламент.

ʺОвој парламент, кој го нареди бугарскиот народ, е различен од претходниот, според нас, тој е многу поблизу до реалноста и тоа што го сакаат бугарските граѓани“, кажа Јорданов.

ʺКога претседателот Радев ќе даде мандат, ние ќе предложиме кабинет и ќе спроведеме разговари за политиките што треба да се спроведуваат“, декларираше Тошко Јорданов пред Народното собрание.

Според неговите зборови, за насоките пред земјата нема особени со повеќето политички партии.

ʺНиту за темата за главниот обвинител, ниту за темата за судската реформа, ниту за темата за понижувачките пензии на нашите мајки и татковци.

ʺВо следните 10-15 дена ќе стане јасно дали можеме да работиме заедно за работите што сме ги декларирале, дека сакаме да направиме, кои се еднакви за повеќето политички сили во оваа сала“, нагласи Јорданов.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO