Kога политичките партии имаат проблеми со датумите повеќе тоа ми личи дека имаат проблеми со самодовербата за исходот на изборите, вели шефот на дипломатијата и член на ДУИ Бујар Османи, додавајќи дека за неговата партија е прифатлив кој било датум за локалните избори за кој ќе се договорат политичките партии.

ʺНие во овој случај немаме таков проблем.Така да, било кој датум  што ќе го одлучат политичките партии по однос на одржување на изборите за нас е прифатлив. Дали 17, дали 31 октомври, за нас се прифатливи датумиʺ, рече Османи на новинарско прашање по тематската дискусија поврзана со парламентарната димензија на надворешната политика.

На прашањето дали ДУИ размислува да ја напушти Владата ако нема поддршка од СДМС на локалните избори, Османи вели нема такво нешто.

ʺДУИ не може да ја напушти сопствената Влада, ова е Влада на ДУИ. Така да, мислам дека  таа матрица дека ДУИ е влезена е погрешно. Ова е влада на ДУИ и не може да излезе од сопствената Влада. Нема такви ситуации, разговараме со коалициските партнери  во однос на постигнување за можноста за соработка на овие локални избори. Имавме добро искуство на изминатите локални и тоа дава доверба кај двете страни дека е тоа добро и за граѓаните и за политичките партии и за државатаʺ, посочи Османи.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO