Фото: Роjтерс

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, ги определи како ʺшокантни“ откритијата дека израелскиот шпионски софтвер ʺПегас“ бил користен за следење на државни службеници.

Во публикација на Твитер, Барние изјави дека иако шпионажата е законски регулирана на национално ниво, тоа е ʺоружје“ кое се користи во ʺнестабилен и неорганизиран“ свет. Освен тоа тој повика за неопходноста од помодерни технологии за борба против ʺнеприфатливото мешање“, изразувајќи ја својата вознемиреност дека блиски сојузници можеби го користеле шпионскиот софтвер ʺПегас“ за да се шпионираат помеѓу себе.

На почетокот на оваа седмица се појавија извештаи дека израелска софтверска компанија развила шпионски софтвер наречен ʺПегас“, кој има можност за далечински пристап до смартфони, а клиенти на фирмата биле различни влади. Противречноста започна кога во списокот на софтверот беа пронајдени имиња на владини претставници, вклучително и францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Советот на Европската унија, Шарл Мишел.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO