Владејачката партија СДСМ денеска сподели информации за податоци од теренска анкета правена од агенцијата „Брима“ во периодот од 28 мај  до 16 јуни , преку ТАПИ методот  а во која биле опфатени 1.194 испитаници , со маргина на грешка од плус минус 2,8 отсто. Откако и била понудена, СДСМ  ја откупила анкетата  од која сега  партијата  ги споделува параметрите.

На прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА и ДПА.

Ако се земе предвид и рејтингот на Движење БЕСА која е дел од коалицијата „Можеме“ со која настапивме на парламентарните избори, тогаш рејтингот на оваа коалиција е уште повисок и изнесува 22,8 отсто, информираат од СДСМ.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните.

На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ 12,6 осто изјавиле дека тоа е Зоран Заев, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле само шест  отсто од испитаниците.

Споредено со исто истражување од „Брима“ спроведено во јули месец 2020 година, евидентен е растот на довербата кај граѓаните кон претседателот Зоран Заев од 3.1 процентен поен, а раст бележи и рејтингот на СДСМ, што покажува дека довербата од граѓаните постојано се зголемува, заклучуваат Социјалдемократите.

На прашањето „Што е подобро за нашата земја, да стане или да не стане членка на ЕУ?’ огромни 76,3 отсто од испитаниците одговориле дека е подобро да станеме членка на ЕУ, додека само 19,8 отсто одговориле дека е подобро да не станеме членка на ЕУ.

Ова значи дека нашите граѓани се силно поставени на европскиот курс, дека не гледаат алтернатива на ЕУ, сметаат од владејачката партија,  дополнувајќи дека ова значи пораз на структурите кои заговараат  свртување од европската агенда,  враќање кон изолација и поделби.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO