Фото: Роjтерс

Францускиот министер за здравство Оливие Веран денес го повика населението во земјата да се вакцинира против Ковид-19, тврдејќи дека без вакцините, Франција ќе биде исправена пред ʺцунами“ од нови инфекции, а не пред четврт коронавирусен бран.

Во интервју за телевизијата BFM, Веран го опиша процесот на вакцинирање како ʺвонредно средство“ за излегување од пандемијата, тврдејќи дека без имунизација, дури и нов националаен локдаун нема да биде ефикасен за ограничување на распостранувањето на Делта варијантата на коронавирусот.

Еден ден претходно, портпаролот на француската влада Габриел Атал предупреди дека може да се неопходни построги мерки за ограничување на вирусот за да се овладее распостранувањето на силно заразната Делта варијанта во земјата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO