Фото: Роjтерс

Двајца вооружени мажи, од кои, едниот со нож, го нападнале привремениот претседател на Мали Асими Гојта, соопштува БГНЕС, цитирајќи ја агенцијата Франс Прес.

Според агенцијата, Гојта бил нападнат за време на молитва во џамија во главниот град Бамако.

Нападот се случил за време на прославите на исламскиот празник Курбан Бајрам. Според соопштенија на печатот, претседателот е изваден од местото на инцидентот.

Наводниот напад врз Гојта се случува неколку седмици по атентатот врз претседателот на Хаити.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO