Фото: Роjтерс

Почеток на втората фаза во отворањето на градот-дух Вароша објавија турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и лидерот на кипарските Турци, Ерсин Татар, денес во своите говори за време на прославата на 47-годишнината од турската инвазија во Кипар. Кипарските Грци протестираат против нарушувањето на резолуциите на ООН.

3,5% од територијата на Вароша, 47 години напуштеното кипарско-грчко предградие на Фамагуста, се вклучени во пилитното отворање. Од овој дел, ќе биде подигнат статусот на турска воена зона и таа ќе биде предадена на кипарско-турската граѓанска администрација со „почитување на правата на сопственост“.

Кипарските Грци кои сакаат да си ги вратат имотите можат да кандидираат пред специјализираната турска комисија во окупираните територии.

ʺОвој регион, кој е неактивен со години, ќе биде симбол на просперитетната иднина на островот“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Заедно со новиот потег, турската страна отвора две нови плажи за јавноста, досега без пристап поради оградата, и гради различни објекти на јавни места во градот. Тие се меѓу проектите финансирани од Турција во северниот дел на островот што Ердоган ги отвора денес.

Првата фаза од отворањето на Вароша започна на 8-ми октомври минатата година, во присуство на турскиот претседател, предизвикувајќи остри реакции од меѓународната заедница.

Голема демонстрација насловена ʺСите сме Фамагуста“ собра вчера близу до демаркационата линија стотици кипарски Грци, бегалци и политичари од различни партии. Тие протестираа против едностраните решенија на Турција со кои се нарушуваат резолуциите на ООН за Вароша.

ʺОбидот за промена на статус квото на Фамагуста е неприфатлив“, реагираше денеска кипарскиот претседател Никос Анастасијадис.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO