Фото: Роjтерс

Русија изврши тестирање на хиперсонична крстосувачка ракета ʺЦиркон“, која успешно погоди копнена цел на брегот на Баренцовото Море на растојание од над 350 километри, пренесе Ројтерс.

Според соопштението на руското Министерство за одбрана, ракетата била истрелана од бродот ʺАдмирал Горшков“ во Белото Море. Брзината на летот била 7 Мах (над 8.500 км на час), одбележува агенцијата.

Во свој говор во март 2018 година, претседателот Владимир Путин изјави дека хиперсоничните ракети се дел од новата генерација на руско оружје што можат да поразат цел било каде во светот и да го избегнат американскиот ракетен штит.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO