Фото: Роjтерс

Петнаесет дипломатски мисии и претставникот на НАТО во Кабул денес заеднички упатија повик кон талибанците да ја прекинат нивната воена офанзива во Авганистан, откако на средба во Катар не беше постигнат договор за прекин на огнот, пренесе Ројтерс.

Истовремено, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го омаловажи предупредувањето на групата за можни последици доколку турските сили останат во Авганистан за да управуваат со аеродромот во Кабул и исто така ги повика талибанците да ја прекинат офанзивата.

ʺНе е правилниот пристап за талибанците да продолжат да ги извршуваат овие дејства, кои речиси се еднакви на окупација. Ние во Турција упатуваме повик кон талибанците – тие треба да ја прекратат окупацијата на земјата на своите браќа “, кажа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO