Фото: Роjтерс

За прв пат од јануари месец, бројот на случаите на ʺКовид-19“ во САД се зголемува во секоја една од 50-те држави.

Само четири од државите составуваат 40% од случаите од минатата седмица – Калифорнија, Тексас, Мисури и Флорида. Близу половина од случаите минатата седмица биле регистрирани во државата Флорида.

Според Центрите за контрола и превенција на заболувањата, новите случаи се зголемиле за скоро 70 проценти седмично, а стапувањето во болница за околу 36 проценти.

Се смета, дека информацијата е нецелосна, бидејќи во земјата не се спроведуваат рутински тестови кои би можеле да откријат носители на вируси со лесни симптоми, или такви без симптоми.

Во неделата, поранешниот раководител на Департаментот за храни и лекарства предупреди дека оние кои не се вакцинирани се исправени пред огромна опасност. Во интервју за Си Би Ес, Скот Гатлијб посочи дека 97 проценти од луѓето заразени со Делта варијанта на коронавирусот, кои требало да бидат примени во болница, не се вакцинирани и дека повеќето смртни случаи се невакцинирани.

Д-р Гетлијб исто така изјави дека варијантата Делта е толку опасна што оние кои ќе се заразат со неа, има веројатност тоа да биде најсериозната вирусна инфекција во текот на нивниот живот. Експертот исто така кажа дека дезинформацијата која се распостранува за вакцините, како на пример, дека доведуваат до проблеми ро забременувањето, ги обесхрабрува жените при размислувањето за поставување на вакцина.

Во моментов, 49 проценти од Американците се целосно вакцинирани.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO