Фото: Роjтерс

Сојузниците на НАТО ги пребаруваат своите редови за наследник на генералниот секретар Јенс Столтенберг, коментира денеска ʺПолитикоʺ.

Столтенберг, поранешен премиер на Норвешка, ја извршуваше највисоката цивилна функција во пактот од октомври 2014 година. Неговиот мандат е продолжен до септември 2022 година, оставајќи нешто повеќе од една година за договарање на наследник.

Официјалните дискусии во седиштето штотуку започнаа, а наследникот на Столтенберг се очекува да биде претставен на лидерската средба на НАТО во Мадрид кон крајот на пролетта или почетокот на летото следната година.

Но, шпекулациите во Брисел и други престолнини на земји од Алијансата веќе се множат. Некои официјални лица, дипломати и аналитичари изјавуваат, дека по 72 години е крајно време генерален секретар да биде дама. Други изјавуваат дека со оглед на постојаното спротивставување со Русија, изборот на источноевропеец ќе и испрати важен сигнал на Москва.

Со оглед на овие два императива, три имиња веднаш се појавуваат на врвот на списокот на потенцијални кандидатки, одбележува изданието.

Тоа се поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, литванската претседателка Далија Грибаускајте и сегашната претседателка на Естонија, Керсти Калулајд.

Сепак, некои набљудувачи посочуваат дека изборот на генерал секретар од држава од Балтикот, особено Грибаускајте, може да се смета за многу непријателски потег кон Москва во момент кога американскиот претседател Џо Бајден се обидува да ги стабилизира односите меѓу Русија и Западот.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO